ЗА СУДИИКИТЕ, ЗАКОНИТЕ И КРШЕЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ

Присуствував на првиот ден од главниот претрес на судењето поврзано со убиството на Мартин Нешковски. И за момент (ама само за момент) останав без текст од однесувањето на судиите кон еден ваков случај кој беше и се уште е предмет на огромен интерес кај јавноста и кој предизвика повеќемесечни демонстрации низ целата држава.

Не можам а да не помислам дека зад секоја од постапките стои намера случајот да се потцени, затскрие, омаловажи и сведе на размери на, на пример, случај на џепарлак или тепачка во кафеана.

Прв чекор во насока на обезвреднување на случајот беше просторијата во која се одржуваше главниот претрес.  Наместо (имајки го предвид интересот за овој случај, меѓутоа и значењето на еден ваков случај во градењето на довербата кон правосудниот систем на државата и кон органите на прогон) судењето да се одржи во сала која ќе може да обезбеди присуство на заинтересираните и нормално одвивање на процесот тоа започна во најмалата можна судница во која и не е предвидено да заседава судски совет, туку само судија поединец. Во просторијата немаше можност никој да седи
дури ни семејството на убиеното дете), немаше воздух и не беа обезбедени елементарни услови за заштита на обвинетиот. Со ваквата постапка всушност на многу очигледен начин беше изиграна и одредбата со која судските постапки се јавни. Имено, отсуството на простор во кој таа јавност може да се смести е еднакво како и неисполнување на одредбата.  Судијката (на многу пријателски начин) ни објасни дека нема простор во зградата на судот и затоа судењето мора да се одржи на ваков начин. Меѓутоа, заборави да спомне дека според чл. 296 од ЗКП: Ако во одделни случаи просториите на судската зграда не се погодни за одржување на главниот претрес, претседателот на судот може да определи претресот да се одржи во друга зграда. По 40 макотрпни минути, судењето сепак беше преместено во соодветна сала која на волшебен начин беше пронајдена во зградата на самиот суд.

Судењето продолжи во просторно соодветни услови, меѓутоа со огромен број процедурални пропусти и отворено кршење на Законот за кривична постапка, на кои бев лично сведок. Како граѓанин кој ги почитува законите имам обврска да укажам на сите овие пропусти и кршење на законите, со цел надлежните органи да превземат соодветни мерки.Заради ова и не можам да одговорам на барњето упатено од судот во неговото официјално соопштение за неизвестување за случајот додека трае постапката.На официјалната страна на Основниот суд 1 од Скопје е поставено соопштение со следната содржина:...

За целиот текст на Мирјана Најчевска клик тука

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment