Системска бруталност, власт и видео ленти
Одговор на „одговорот“
Од како го прочитав „Одговорот“ на поканата за учество на дебатата постојано ми се наметнува прашањето: Има ли граници ароганцијата и дрскоста на министрката Јанкуловска? Таа би сакала нашата покана да ја сфати како „оградување од досегашните протести, невистинитите обвинувања, навреди и клевети…“ Но, дури и така сфатена, нашата покана не ги задоволува нејзините критериуми, па си дозволува да не поучи дека „вистинското оградување би требало да биде во најмала рака во форма на извинување и благодарност до сите „тигри“ и „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“ и слични акции.
Јанкулоска, сосема го игнорира образложението за целта за организирање на дебатата. За неа нема потрба од дебатирање за негативните појави, бидејки во нејзината перцепција такви не постојат. Во незината перцепција постои „демократски изразена волја на граѓаните кои по шести пат својата подршка ја даваат за опцијата за која сметаат дека им нуди подобра иднина“. Во нејзиното резонирање не постојат негативни случувања. Секоја иницијатива што има цел да укаже на такви појави е насочена против „легитимно изразената волја на граѓаните“, секој иницијатор е во служба на Бранко Црвенковски, а секој интелектуалец што ќе се дрзне да учествува во дебатата ќе биде ставен во наводници…
Во перцепцијата на министерката, невладините организации треба да организираат манифестации преку кои ќе ги величат заслугите и успесите на владата, или ќе организираат протести против опозицијата за одбрана на „демократски изразената волја на граѓаните“.
Не, госпоѓо министерке! Ние не се оградуваме од досегашните протести. Нашите протести имаа конкретен повод. Можеби за време на протестите имало и навреди кон „тигрите“ и „алфите“, но игнорантскиот однос и вашата индолентност кон нашите настојувања за поголемо почитување на човековите права и за начинот на изразување на револтот кај младите, потврдува дека вие сте таа што треба да им се извинете, зашто токму со таквиот однос допринесувате да бидат поистоветувани со „џелати“ и „убијци“.
Кога веќе министерката инсистира на извинување, единствено можеме да се извиниме што во поканата и определивме улога на клучен говорник. Од „одговорот“ се гледа дека тешко ќе можеше да се справи со таквата улога.
Сепак, со големо жалење можеме да констатираме дека Јанкулоска повеќе претпочита да гледа филмови, од колку да присуствува на дебати. Очигледно ние не сме во нејзиниот филм!
Но, сите оние кои протестираат нема да заборават, и овие прашања ќе ги поставуваме и понатаму, и ќе ги потсетуваме постојано институциите кои, сега и во иднина, се, и ќе бидат задолжени да ги решаваат ваквите случаи.
На крајот, кога веќе не пропуштате можност секогаш да не прилепите до Б. Црвенковски и неговата партија, јавно ве прашуваме: Чуму таквите прашања и квалификации министерке? Зарем мислите дека вие и Б. Црвенковски сте поразлични во нешто, со сето она што и го правевте и правите на оваа држава? Затоа ве молиме, во иднина, таквите прашања поставувајте му ги нему лично, бидејки очигледно кога толку често го споменувате вие имате почеста меѓусебна комуникација со него одошто било кога нашето движење.
ЗА СУДИИКИТЕ, ЗАКОНИТЕ И КРШЕЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ
Присуствував на првиот ден од главниот претрес на судењето поврзано со убиството на Мартин Нешковски. И за момент (ама само за момент) останав без текст од однесувањето на судиите кон еден ваков случај кој беше и се уште е предмет на огромен интерес кај јавноста и кој предизвика повеќемесечни демонстрации низ целата држава.
Не можам а да не помислам дека зад секоја од постапките стои намера случајот да се потцени, затскрие, омаловажи и сведе на размери на, на пример, случај на џепарлак или тепачка во кафеана.
Прв чекор во насока на обезвреднување на случајот беше просторијата во која се одржуваше главниот претрес. Наместо (имајки го предвид интересот за овој случај, меѓутоа и значењето на еден ваков случај во градењето на довербата кон правосудниот систем на државата и кон органите на прогон) судењето да се одржи во сала која ќе може да обезбеди присуство на заинтересираните и нормално одвивање на процесот тоа започна во најмалата можна судница во која и не е предвидено да заседава судски совет, туку само судија поединец. Во просторијата немаше можност никој да седи
дури ни семејството на убиеното дете), немаше воздух и не беа обезбедени елементарни услови за заштита на обвинетиот. Со ваквата постапка всушност на многу очигледен начин беше изиграна и одредбата со која судските постапки се јавни. Имено, отсуството на простор во кој таа јавност може да се смести е еднакво како и неисполнување на одредбата. Судијката (на многу пријателски начин) ни објасни дека нема простор во зградата на судот и затоа судењето мора да се одржи на ваков начин. Меѓутоа, заборави да спомне дека според чл. 296 од ЗКП: Ако во одделни случаи просториите на судската зграда не се погодни за одржување на главниот претрес, претседателот на судот може да определи претресот да се одржи во друга зграда. По 40 макотрпни минути, судењето сепак беше преместено во соодветна сала која на волшебен начин беше пронајдена во зградата на самиот суд.
Судењето продолжи во просторно соодветни услови, меѓутоа со огромен број процедурални пропусти и отворено кршење на Законот за кривична постапка, на кои бев лично сведок. Како граѓанин кој ги почитува законите имам обврска да укажам на сите овие пропусти и кршење на законите, со цел надлежните органи да превземат соодветни мерки.Заради ова и не можам да одговорам на барњето упатено од судот во неговото официјално соопштение за неизвестување за случајот додека трае постапката.На официјалната страна на Основниот суд 1 од Скопје е поставено соопштение со следната содржина:...
The Reporters - Слобода, песна посветена на #protestiram
The Reporters - Sloboda, песна посветена на #protestiram
The Reporters:
Mile Bosnjakovski (bass)
Zarko Dimitrioski (guitar)
Borjan Jovanovski (drums)
Petrit Saracini (vocals)
Stojan Trpcevski (vocals)
special guest on "Sloboda" - Pedo :)
produced by : Valentino Skenderovski, studio Enterprise II
music: The Reporters
lyrics: Saska Cvetkovska
Толку врева
А толку многу тишина
Гласот се крева
Нова лажна вистина
Мртов син
а толку многу верници
се колнат
пред олтар од тупаници
рефрен:
Во овие времиња
Кога се е тишина
Во овие времиња
ти велам слобода.
Гледам страв
И два бога, еден црвен, еден син
гледам срам
И совет, молчи синко, биди фин
Толку врева
А толку многу тишина
Гласот се крева
за нова лажна вистина
рефрен:
Во овие времиња
Кога се е тишина
Во овие времиња
ти велам слобода.
Јавното обвинителство повторно потфрли
ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОВТОРНО ПОТФРЛИ НА ТЕСТОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ЕФИКАСНА И ТЕМЕЛНА ИСТРАГА – СЛУЧАЈ МАРТИН НЕШКОВСКИ!
Поминаа четири месеци во исчекување на резултатите од истрагата за смртта на младиот Мартин, во кои државата имаше можност да ја поправи својата грешка од обидот за прикривање на случајот.
Но, очигледно укажувањата на пошироката и експертската јавност за темелна и ефикасна истрага не допреле до jавното обвинителство, кое го подигна обвинителниот акт само против осомничениот полициски специјалец, изоставајќи ги сите други евентуални негови помагачи или соучесници.
Иако се очекуваше дека истрагата ќе оди брзо и лесно имајќи го во предвид големиот број на сведоци-очевидци кои ги споделија своите сознанија и со јавноста, отвореноста и спремноста на јавноста да соработува во случајот, постоењето на безбедносни камери во близина и на крајот на краиштата присуството на голем број на службени лица од МВР на местото на настанот, сепак jавното обвинителство не успеа да се издигне над своите блиски релации со МВР и да ни докаже дека сите еднакво одговараат според законите, па макар тоа се и полициски службеници.
Република Македонија има обврска за спроведување на ефикасна, непристрасна и темелна истрага ослободена од било какви политички или други влијанија, особено во случаи на полициска бруталност како согласно домашните така и според меѓународните документи кои сме ги прифатиле како составен дел од нашиот правен поредок. За жал, државата во неколку наврати има потфрлено при овој предизвик поради што е предмет на критика на Комитетот против тортура кој укажува дека за полициските пречекорувања треба да одговараат не само конкретните сторители, туку и сите оние кои знаеле дека се случило такво нешто, но не го спречиле или пријавиле. За недостигот на темелна истрага и обид за прикривање на случаите на полициска бруталност има забелешки и во Извештаите на Европската Комисија како и во пресудите против Македонија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Сепак и порај континуираните забелешки на меѓународните фактори и обврските кои произлегуваат од пресудите на Судот во Стразбур, државата не изрази спремност да ја промени својата практика на прикривање на појави на полициска бруталност, за што сведочат и случаите „Бродец", како и последниот со Мартин Нешковски.
Хелсиншкиот комитет со загриженост заклучува дека во Македонија сe уште не постои волја и спремност на надлежните органи да спроведат компетентентна, независна и непристрасна истрага изолирана од политички и други влијанија. Комитетот апелира до јавното обвинителство да изготви јасни процедури за водење на истраги при полициска бруталност согласно стандардите востановени во меѓународните инструменти[6] и да се придржува до истите, како би можеле да докажеме дека навистина во нашата држава сите се исти пред законот.
Ние сме #protestiram - компилација
Братот на Мартин Нешкоски повикува на протест на денот на неговиот роденден
Twitter
Facebook
Flickr
RSS

