Велат треба да поминат отприлика 20 години за некоја технологија да се вдоми, одомаќини и стани масовно користена. Ова го забележале со телефонот, радиото, сега интернетот. Откриле зошто: толку време треба за да се смени една генерација со друга. Старата генерација е таа во чие што време се создала технологијата, а новата се родила веќе со таа технологија присутна. Новата генерација ја користи и ја учи како интегрален дел од нивниот свет и ја поима како природна и поблиска. Не е носталгичарски настроена кон претходниот свет што не го ни познава, не ни живеела во него.
Па и азбуката е технологија, и тркалото, и демократијата!
Оваа млада генерација се родила и израснала во демократијата и ја поима како интегрален дел од својот живот и околина. Таа генерација се младите граѓани и нивното време е сега, веднаш, доволно одложувано. Додека старата носталгичарска генерација си направи плурализам на едноумие, буквално секоја политичка партија стана ПАРТИЈАТА т.е. сите по терк на нивниот (не)славен прототип. Младите останаа граѓани, не партизани (партиски војник = партизан). Граѓаните за разлика од партизаните (треба да) ги поимаат своите демократски права лично, природно како воздухот – слободен за сите, додека кај старите и нивните производи партизаните демократијата е валута, ветување како парите. Па мислат дека можат да прават капитал, да даваат некому и да одземаат другому. Да ја разменуваат на берзите: собрание, лидерски средби… преку своите посредници: пратениците, членовите партизани, симпатизери, подмладок…
за повеќе на постот на Аждер's привремен Блог
0 comments: (+add yours?)
Post a Comment