Една година протести против полициска бруталност

0 comments

06.06.2011 
40 минути по полноќ. Едно безживотно момче лежи на клупата и пробуваат да го освестат. Многубројната публика околу стои вџашена и згрозена од она што предмалку се одиграло. Момчето не ги отвара очите повеќе. Се собираат, го извлекуваат на тревникот кај МЕПСО, го покриваат со ќеси. Го оставаат таму. Оној со крв на рацете се враќа на својата работна позиција, во развеселената толпа кој слави и продолжува со животот како ништо да не се случило.

Звучи како сцена од некој добро режиран филм, но е само еден фрагмент од нашата реалност. Оваа кратка трагична приказна ја прави уште пострашна тоа што мојот врсник го загубил својот живот поради кратко поматување на здравото расудување како последица на алкохол, од рацете на трениран полициски службеник.


Неколку часа по оваа случка, доцна попладне, оние кои не можеа да си дозволат да живеат со тоа што го виделе и да молчат засекогаш, договорија средба со медиумите. Во меѓувреме во весниците излезе вест дека на момче починало на тревникот кај МЕПСО од тоа што му се слошило. Билтенот ја премолчува оваа случка. Муабетот се шири а луѓето се собираат кај фонтана како поддршка на сведоците. Протестите почнуваат.

Од протестите кои траеја повеќе од месец, и чија посетеност беше голема, единствената реална победа беше обелоденувањето на овој случај. Од страна на властите кои носеа директна одговорност од многу страни за овој случај, единствено што добија оние кои бараа превенција на ваквите случаи беше дискредитирањето, смислената кампања за спинување и дефокусирање на јавноста за да не се солидаризира, игнорирање и целосно отфрлање на легитимното граѓанско право да се бара.

Кампањата која ја водеа вроди со плод: ширењето на муабетите за минатото на момчето и неговите наводни проблеми успеа да неметне некоја слика кај оние кои едвај чекаат да најдат изговор за својата пасивност дека можеби и си ја заслужил таа судбина, дека тие никогаш не би се нашле во таква ситуација на милост и немилост; добро познатата тактика кон која прибегнуваат сите владејачки партии во светот кога некоја граѓанска иницијатива не им се допаѓа (припишување на истата на опозицијата) направи сомнеж и успеа да убеди многу од луѓето кои уште беа под импресии од изборите; игнорирањето и исклучувањето на известувањето за протестите кои беа секојдневни од масовните медиуми како Сител, ја намали видливоста на истите и работеше кон тоа луѓето едноставно да заборават и да се оладат.

Што всушност бараа тие луѓе, и зошто тоа што ова прашање стои неодговорено е толку важно за нас?

Секој граѓанин барем еднаш во животот бил сведок на полициска бруталност, или пак слушнал некоја таква приказна од некој близок. Полициската бруталност има одредена традиција во Македонија наследена од рестриктивноста и поимањето на полицијата од минатиот систем. Неретко, оваа полициска бруталност и нехумано постапување остава жртви. Мартин не е единствената жртва, многу му претходат а сигурна сум дека ако не се преземе ништо, низата нема да се прекине.

Барањата кои ги срочија луѓето кои протестираа се базираа на превенција на ваквите случаи, со тоа што би се вовел некој поефикасен систем од тоа МВР да се контролира самотот себе што остава многу простор за корупција.
Дали сериозно постои човек на кој ова не би му одговарало и кој не би застанал позади ваква иницијатива? И каква е таа власт која не сака ни да покаже напори да ги разгледа реформите за кои голема група на граѓани вели дека се итно потребни?

Огледало за нас како општество е како ги третираме најслабите меѓу нас, а ако дозволуваме да бидат малтретирани они кои автоматски ја добиваат таа улога кога ќе им паднат во рацете на оние на кои законот им гарантира апсолутна власт во моментот, што тоа зборува за нас?
Ако дозволуваме секој месец со делче од нашите примања да се спонзорира тоа малтретирање - што зборува тоа за нас?

За крај на 06.06. во 18 часот одбележуваме една година протести против полициска бруталност, и една година од смртта на Мартин која беше клучна за конечно да се фрли светло на ова прашање.
Почивај во мир Мартин, се надевам ќе имаме доволно доблест да спречиме твојата судбина да се повтори.
Тамара Атанасоска - Радио Слободна Европа

Policeman Who Beat Young Man to Death Gets 14 Years in Prison

0 comments

This post is part of our special coverage Macedonia Protests 2011.
The trial of the policeman suspected of beating a young man to death while on duty as the PM's bodyguard during the celebration of election victory on the night between June 5 and 6, 2011, ended on Monday, Jan. 16. The police officer, Igor Spasov, member of the special forces and the only person on trial for the murder of Martin Neshkoski, received a sentence of 14 years in prison.
The attempt to cover up the murder sparked a protest movement against police brutality, through which citizens of Macedonia demanded justice, including apprehension of all accomplices, command responsibility, and political responsibility. The public prosecutor denied [mk] the victim's family's formal request to press criminal charges against the known and unknown accomplices, such as the policemen who were nearby during the murder and contaminated the crime scene afterwards, as well as those who were involved in the cover-up attempt.
The trial had a dozen sessions that were not extensively covered and analyzed by most of Macedonia's media, which rely on revenue from advertisements paid from the state budget. A notable exception is the portal PlusInfo.mk, which published a retrospective of the case [mk] the day before the sentence was announced.
Justice for Martin blog published a summary [mk] of the first ten sessions of the trial, written by activist Voislav Stojanovski's and first published [mk] by Radio Free Europe:
Click here for the full text written by Filip Stojanovski  

Протести за Нешкоски и неодговорени прашања

0 comments

Протестен марш низ скопските улици и протест на младите пред судската зграда кога судот ќе ја соопштува пресудата за полицискиот специјалец Игор Спасов, одговорен за смртта на Мартин Нешкоски. „Стоп за полициска бруталност“в понеделник излегува надвор уште еднаш да повика на одговорност за претпоставените на Спасов пред досието за смртта на Нешкоски судски да се затвори. 

Свесни дека само Спасов ќе остане виновен за насилството на плоштадот, откако Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава на семејството поднесена против полицајци, инспектор и вработен во МЕПСО, младите сепак ќе испратат порака до надлежните да не ги штитат инволвираните во инцидентот. Правници за АЛФА анализираат дека во решението на Обвинителството со кое не се утврдува одговорност на четворицата пријавени за помагање и непријавување на сторител има правни недоследности. 

Нејасно им е зошто обвинителството како аргумент го користи известувањето на Телекабел дека камерите на плоштадот само стримуваат, но не снимаат, кога се знае дека законски, и да снимаат камерите, материјалите не смее да се архивираат подолго од 30 дена. Нејасно е зошто обвинителството барало снимки шест месеци по инцидентот? Иако е утврдено дека настанот е пријавен во полиција, сепак не се знае каква е содржината на пријавата? Еден од сведоците на Крим- техника во судница изјави дека пријавил можен напад. 

Оттаму прашањата – дали навистина пријавил? Дали ова стои во полицискиот извештај? И ако стои, зошто МВР тврдеше дека на момчето му се слошило? И на крајот, остана неодговорено дали обвинителството има полициски снимки од прославата на ВМРО ДПМНЕ, затоа што таквите настани со присуство на државници, задолжително се снимаат од полицијата. Дали на таквите снимки ако постојат се крие вистината за смртта на Нешкоски? 


Љубиша Арсиќ  - Алфа ТВ, видео

Da Dzaka Nakot - Murija

0 comments


Сингл на Џака Накот за #protestiram и Мартин Нешкоски

Мартин Нешкоски - убиство или несреќен случај?

0 comments

Воислав Стојановски – докторант на Универзитетот Масарик во Брно и активист на Движењето Стоп за полициска бруталност за Радио слободна Европа
Пет месеци по немилиот настан во кој згасна животот на младиот Мартин, започна судскиот процес против Игор Спасов – припадник на Единицата за специјални задачи при МВР и единствениот обвинет за настаните од кобната вечер на 6 јуни 2011. На судскиот процес му претходеа секојдневни улични протести, сомнителните изјави на МВР дека немаат информација што се случило таа ноќ и долгата, крајно пасивна и непотполна истрага од страна на Јавното обвинителство. 

Револтиран од ваквиот однос на институциите, решив доброволно да го набљудувам целиот судски процес. Досега се одржаа 10 рочишта, а пресудата се очекува да биде донесена овој месец. Во продолжение следува резиме од исказот на обвинетиот и сведочењата на очевидците, службените лица и вештаците. Со цел јавноста да биде непристрасно известена, се воздржувам од лични видувања и коментари со цел да му овозможам на читателот самиот да ги изведе заклучоците.

Исказот на Игор Спасов

На 5 јуни 2011, доаѓајќи во Скопје од Куманово (каде обвинетиот околу 15 часа го обезбедувал изборниот процес), Спасов кратко пред полноќ од својот старешина добил телефонска наредба да продолжи со обезбедување на премиерот. Пред случувањата на плоштадот, тој на двапати го забележал Мартин како се обидува да се доближи до премиерот – еднаш пред Домот на АРМ и вториот пат на улица „Македонија“. Ваквите обиди биле спречени од обезбедувањето. Третиот обид се случил крај бината на која се одвивала прославата за изборната победа. И покрај тоа што Мартин бил предупреден од униформирани полицајци, тој не се откажал од настојувањето да пријде до бината. На ова реагирал Спасов извикувајќи „каде бе?“, по што Мартин почнал да бега, а Спасов започнал да го брка. Упорните обиди за пробивање на безбедносниот кордон биле симптоматични, па негова задача била лицето да го уапси и приведе во полициска станица. Во моментот кога Спасов се доближил до Мартин, тој се сопнал од кабел, со главата удрил во плочникот по што останал да лежи. Мислејќи дека симулира, Спасов го подудрил со нога но забележал дека Мартин е во бесознание  по што веднаш се обидел да го реанимира. Набрзо на местото на настанот пристигнале споменатите униформирани полицајци кои повикале брза помош по што Спасов ги известил дека поради своите обврски мора да се врати кај бината. Во тоа не бил спречен од полицајците кои не му побарале да се легитимира. Иако на почетокот на судењето Спасов не откриваше детали за настаните по неговото напуштање, подоцна изјави дека за настанот составил службена белешка која била уништена од неговите претпоставени.

Сведочењата на очевидците

Најголем дел од очевидците не можеа со сигурност да потврдат дали напаѓачот кој го виделе е Спасов. За разлика од времето на настанот, тој во судницата се појави видно ослабен, со коса и брада. Многу мал број на очевидци ја потврдија веродостојноста на неговиот исказ. Останатите кои беа значително мнозинство говореа за една сосема поинаква верзија на настаните. 
Според нив, во моментот кога Спасов го достигнал Мартин, му задал удар со тупаница одзади по што тој паднал но се задржал на едната рака. Обидувајќи се да стане извикал „не ме тепај“ но Спасов без задршка продолжил да му нанесува молскавични удари со двете раце по главата, а потоа и со нозете по телото. Дел од очевидците бруталноста на нападот ја опишуваа визуелно, преку гестикулации. Еден изјави дека такво крвничко тепање видел само на филм, додека друг кажа дека по настанот не може мирно да спие. Оние очевидци кои се обиделе да пристапат до Мартин во тоа биле спречени од страна на корпулентен полицаец во цивилна облека кој им се легитимирал. На дел им било речено „бегај и тебе да не те снајде истото“.

Сведочењата на службените лица

Првите униформирани полицајци кои пристигнале на местото на настанот потврдија дека со Мартин разговарале кај бината. По бркотницата биле повикани од толпата луѓе, а кога пристигнале на местото и прашале што се случило, Спасов им кажал дека на Мартин му се слошило. Еден од полицајците изјави дека ниту некого легитимирал, ниту ги прашал насобраните што се случило. Според него, тоа можеби било грешка. Спасов не го легитимирале затоа што им изгледал како лице од обезбедување. Траги на насилство кај Мартин не забележале. Следни на местото пристигнале докторка и медицинска сестра кои констатирале смрт, но не забележале траги на насилство. По кратко време пристигнала и екипата од Крвни деликти чии припадници забележале повреди (и одбранбени рани) по лицето и телото на Мартин. Од неколку очевидци им било предочено дека имало бркотница и физички напад за што го известиле Дежурниот оперативен центар на МВР. Во судот се појавија десетина колеги на Спасов кои вечерта биле на плоштадот. Спасов тврдеше дека и тие како него биле работно ангажирани. Сите, без исклучок, го негираа ваквото тврдење изјавувајќи дека на плоштадот биле како граѓани, а работниот ангажман им завршил пред полноќ. Иако овие сведоци имаа најконтрадикторни изјави, а дел од нив и се соочија со Спасов, останаа на официјалниот став на МВР дека ним и на Спасов работното време им било до 23:30 часот, односно пред почетокот на прославата за изборната победа. На последното рочиште судот се изјасни дека за квалификацијата „убиство“, во овој случај, воопшто не е важно дали тој бил на работа или не. Со тоа завршија напорите на Спасов да докаже дека бил работно ангажиран.

Сведочењата на вештите лица

Последното, исклучително значајно рочиште, требаше да даде одговор на прашањето која е причината за смртта на Мартин. Според невропсихијатарот и психологот, Спасов е екстровертен, амбициозен и упорен, со несигурност на планот на емоционалната контрола. За време на настанот бил целосно пресметлив, а самиот чин на бегање на Мартин претставувало најголема провокација, затоа што Спасов се чувствувал силен и не можел да дозволи некој да му побегне. Вештаците од судска медицина детално ги опишаа надворешните и внатрешните рани од повреди на над 20 делови од телото кои настанале како директна или индиректна последица од удари. Причината за смртта е крвавење во мозокот, предизвикано од директно делување на тапо-тврда, динамична, брза и краткотрајна сила со што се исклучува можноста смртната повреда да настанала од удар со глава во плочник.

Системска бруталност, власт и видео ленти

0 comments

Се сретнавме и разговаравме на темата како преку граѓански активизам и реформа на МВР до подобро општество. Освен мене како една од оние кои бараа правда на улиците на Скопје и пошироко, панелисти беа и г. Трипун Танушески – Заменик народен правобранител на Р. Македонија, проф. д-р Мирјана Најчевска – експерт, активист и бранител на човековите права и проф. д-р Гордан Калајџиев – експерт, Претседател на Македонскиот хелсиншки комитет. Министерката како што и најавив во најавата за трибината не се појави, а инфантилниот одговор како изваден од ВМРОгенератор кој го скопила нејзината PR екипа можете да го видите овде. Овој одговор самиот по себе е пример како да се води лоша и деструктивна политика, нема што да се коментира.
*За видеата: За жал останавме без видео од целата трибина, ова се единствените 5 видеа кои можев да ги најдам од публика (овде прикачените). Кратки се и нецелосни, но сепак се нешто. И благодарам многу на Јасна.
Системска грешка или инцидент
Г-динот Танушески како представник на народниот првобранител, односно како некој кој ги застапува ставовите на тоа тело, на трибината дојде со четири листа А4 формат, испишани од од г-динот Иџет Мемети и замоли да ги прочита затоа што таков е протоколот. Накратко од тие четири листа можам да извадам неколку точки; Според народниот првобранител законската регулатива во однос како се контролира МВР и како се справува со случаите е во ред, ваквите случаи се инцидентни и можат да се издвојат и оправдаат на идивидуално ниво, а грешката за тоа, наместо во законската регулатива треба да се бара во тренингот и обуката на полицијата. На крај, додаде дека јавниот првобранител се труди и учествува во ваквите случаи.
За целот текст од Тамара Атанасоска оди тука

Одговор на „одговорот“

0 comments

Од како го прочитав „Одговорот“ на поканата за учество на дебатата постојано ми се наметнува прашањето: Има ли граници ароганцијата и дрскоста на министрката Јанкуловска? Таа би сакала нашата покана да ја сфати како „оградување од досегашните протести, невистинитите обвинувања, навреди и клевети…“ Но, дури и така сфатена, нашата покана не ги задоволува нејзините критериуми, па си дозволува да не поучи дека „вистинското оградување би требало да биде во најмала рака во форма на извинување и благодарност до сите „тигри“ и „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“ и слични акции.
Јанкулоска, сосема го игнорира образложението за целта за организирање на дебатата. За неа нема потрба од дебатирање за негативните појави, бидејки во нејзината перцепција такви не постојат. Во незината перцепција постои „демократски изразена волја на граѓаните кои по шести пат својата подршка ја даваат за опцијата за која сметаат дека им нуди подобра иднина“. Во нејзиното резонирање не постојат негативни случувања. Секоја иницијатива што има цел да укаже на такви појави е насочена против „легитимно изразената волја на граѓаните“, секој иницијатор е во служба на Бранко Црвенковски, а секој интелектуалец што ќе се дрзне да учествува во дебатата ќе биде ставен во наводници…
Во перцепцијата на министерката, невладините организации треба да организираат манифестации преку кои ќе ги величат заслугите и успесите на владата, или ќе организираат протести против опозицијата за одбрана на „демократски изразената волја на граѓаните“.
Не, госпоѓо министерке! Ние не се оградуваме од досегашните протести. Нашите протести имаа конкретен повод. Можеби за време на протестите имало и навреди кон „тигрите“ и „алфите“, но игнорантскиот однос и вашата индолентност кон нашите настојувања за поголемо почитување на човековите права и за начинот на изразување на револтот кај младите, потврдува дека вие сте таа што треба да им се извинете, зашто токму со таквиот однос допринесувате да бидат поистоветувани со „џелати“ и „убијци“.
Кога веќе министерката инсистира на извинување, единствено можеме да се извиниме што во поканата и определивме улога на клучен говорник. Од „одговорот“ се гледа дека тешко ќе можеше да се справи со таквата улога.
Сепак, со големо жалење можеме да констатираме дека Јанкулоска повеќе претпочита да гледа филмови, од колку да присуствува на дебати. Очигледно ние не сме во нејзиниот филм!
Но, сите оние кои протестираат нема да заборават, и овие прашања ќе ги поставуваме и понатаму, и ќе ги потсетуваме постојано институциите кои, сега и во иднина, се, и ќе бидат задолжени да ги решаваат ваквите случаи.
На крајот, кога веќе не пропуштате можност секогаш да не прилепите до Б. Црвенковски и неговата партија, јавно ве прашуваме: Чуму таквите прашања и квалификации министерке? Зарем мислите дека вие и Б. Црвенковски сте поразлични во нешто, со сето она што и го правевте и правите на оваа држава? Затоа ве молиме, во иднина, таквите прашања поставувајте му ги нему лично, бидејки очигледно кога толку често го споменувате вие имате почеста меѓусебна комуникација со него одошто било кога нашето движење.

Кирил Ефремовски - oxymoronmacedoniа

ЗА СУДИИКИТЕ, ЗАКОНИТЕ И КРШЕЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ

0 comments

Присуствував на првиот ден од главниот претрес на судењето поврзано со убиството на Мартин Нешковски. И за момент (ама само за момент) останав без текст од однесувањето на судиите кон еден ваков случај кој беше и се уште е предмет на огромен интерес кај јавноста и кој предизвика повеќемесечни демонстрации низ целата држава.

Не можам а да не помислам дека зад секоја од постапките стои намера случајот да се потцени, затскрие, омаловажи и сведе на размери на, на пример, случај на џепарлак или тепачка во кафеана.

Прв чекор во насока на обезвреднување на случајот беше просторијата во која се одржуваше главниот претрес.  Наместо (имајки го предвид интересот за овој случај, меѓутоа и значењето на еден ваков случај во градењето на довербата кон правосудниот систем на државата и кон органите на прогон) судењето да се одржи во сала која ќе може да обезбеди присуство на заинтересираните и нормално одвивање на процесот тоа започна во најмалата можна судница во која и не е предвидено да заседава судски совет, туку само судија поединец. Во просторијата немаше можност никој да седи
дури ни семејството на убиеното дете), немаше воздух и не беа обезбедени елементарни услови за заштита на обвинетиот. Со ваквата постапка всушност на многу очигледен начин беше изиграна и одредбата со која судските постапки се јавни. Имено, отсуството на простор во кој таа јавност може да се смести е еднакво како и неисполнување на одредбата.  Судијката (на многу пријателски начин) ни објасни дека нема простор во зградата на судот и затоа судењето мора да се одржи на ваков начин. Меѓутоа, заборави да спомне дека според чл. 296 од ЗКП: Ако во одделни случаи просториите на судската зграда не се погодни за одржување на главниот претрес, претседателот на судот може да определи претресот да се одржи во друга зграда. По 40 макотрпни минути, судењето сепак беше преместено во соодветна сала која на волшебен начин беше пронајдена во зградата на самиот суд.

Судењето продолжи во просторно соодветни услови, меѓутоа со огромен број процедурални пропусти и отворено кршење на Законот за кривична постапка, на кои бев лично сведок. Како граѓанин кој ги почитува законите имам обврска да укажам на сите овие пропусти и кршење на законите, со цел надлежните органи да превземат соодветни мерки.Заради ова и не можам да одговорам на барњето упатено од судот во неговото официјално соопштение за неизвестување за случајот додека трае постапката.На официјалната страна на Основниот суд 1 од Скопје е поставено соопштение со следната содржина:...

За целиот текст на Мирјана Најчевска клик тука

Бараме правда за Мартин

0 comments

The Reporters - Слобода, песна посветена на #protestiram

0 comments

The Reporters - Sloboda, песна посветена на #protestiram

The Reporters:
Mile Bosnjakovski (bass)
Zarko Dimitrioski (guitar)
Borjan Jovanovski (drums)
Petrit Saracini (vocals)
Stojan Trpcevski (vocals)

special guest on "Sloboda" - Pedo :)

produced by : Valentino Skenderovski, studio Enterprise II
music: The Reporters
lyrics: Saska Cvetkovska

Толку врева
А толку многу тишина
Гласот се крева
Нова лажна вистина

Мртов син
а толку многу верници
се колнат
пред олтар од тупаници

рефрен:
Во овие времиња
Кога се е тишина
Во овие времиња
ти велам слобода.

Гледам страв
И два бога, еден црвен, еден син
гледам срам
И совет, молчи синко, биди фин

Толку врева
А толку многу тишина
Гласот се крева
за нова лажна вистина

рефрен:
Во овие времиња
Кога се е тишина
Во овие времиња
ти велам слобода.