Каде се движи протестот и каде се движи општеството?


Поттикнат од случувањата во Македонија, кои постојано ги следам, и од емисијата на радио МОФ, каде за жал фатив неполни 10 минути од целата дебата, може да се забележи дека постојат несогласувања помеѓу демонстрантите па како надворешен набљудувач, со ладна глава, сакав да напишам еден пост со кој се надевам дека ќе придонесам или ќе поттикнам некоја идеја за анализа на моменталната состојба и насоката во која треба да се движи протестот.

Она што забележувам е дека најспорни точки помеѓу демонстрантите се:
1. Како да се избегнат партиските етикетирања?
2. Како да се остварат целите на движењето?
3. Зошто не, а зошто да концерт?
4. Дали во движењето треба да се приклучуваат и групи, или само индивидуи?
5. Дали во движењето треба да се приклучат политичари и јавни фаци?

Одиме по ред. Би почнал од најбитното, како “да се избегнат“ партиските етикетирања. Би започнал со ова, затоа што низ годините активизмот најмногу пати од опасноста за етикетирање што одзема многу енергија и прави расцеп по разни основи. Главното прашање е, како да се смени главниот дискурс? Мојот одговор и главен аргумент би бил, во оваа ситуација, а и во многу други, главно е да се нагласи РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ДРЖАВАТА И ОПШТЕСТВОТО. Читајќи на оваа тема наидов на еден текст од познатиот автор по студии за безбедност, Ole Wæver каде во неговата книга “Securitization and Desecuritization“ (не знам адекватен превод) се обидува да ја најде границата помеѓу општество и држава во ситуации кога суверенот/владетелот и неговата позиција се загрозени. Во таква ситуација големи се шансите елитите да ги суспендираат границите, затоа што тие и нивните формални институции одлучуваат кога општеството и државата се загрозени велејќи дека – општество, па тоа сме ние. Пример: во случајот Владата вели: ние добивме мнозинство на избори, ние ја конструираме владата, ние го конструираме општеството и оттука црпиме легитимитет. Користејќи ја оваа логика секогаш дебатата се префрлува врз “институциите на системот“ (види одговор од МВР на барањето од група граѓани) или се спинува одговорност врз другиот политички ентитет кој сака да го загрози нивното суверено/владејачко право – СДСМ, и наместо институционален добиваме политички одговор. И не е само овој случај, често владата (државата) избегнува да дебатира со цивилниот сектор (општеството) кога се донесуваа било какви закони а во демократските општества “дебатата“ е најбитната точката каде државата и општеството се среќаваат и се еднакви. Тука “општеството“ го кажува својот став за актуелната состојба и дава патоказ за иднината. Со суспендирање на оваа точка, свесно или несвесно, се суспендира границата и државата доминира врз општеството не оставајќи го слободно. Како практични примери би ги земал случајот со неформално суспендирање на Економско-социјалниот совет и не консултирање на Синдикатот при донесување на нов закон за работнички права; не консултирање на НВО-ат кои се занимаваат со антидискриминација за закон кој ја третира таа проблематика, не прифаќање на барањата за реформи во полицијата и ред други примери. Ги знаете, ги има многу. Така секое барање од “општеството“ се третира како “политичко“ и како загрозување на суверенитетот на владетелот. Оттука нервоза и дополнителна безбедност/securitization со третирање на демонстрантите како загрозувачки елемент по нивната сувереност и спинување од провладините медуми за конспиративност против државата и нивно политичко боење. Затоа го добивме и тој непријателски политички одговор од државната институција - МВР, зато ги добиваме прекрасните прилози од ТВ Сител.

за целиот текст оди кај  Васил Киревски

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment