Отворената граѓанска иницијатива против полициската бруталност, Ве повикува на собир, во 19:00 часот, на платото зад спомен-куќата на Мајка Тереза.
Се навршија 30 дена од започнувањето на граѓанските протести против полициската бруталност во Македонија.
Ние и понатаму протестираме и бараме одговорност и одговори. Бараме реформи во полицијата и произнесување по барањата доставени до институциите на системот!
Затоа што знаеме кои сме и што бараме! Затоа што сме иднината на оваа држава, затоа што сакаме да имаме поубава иднина!
На симболичен начин да го одбележиме триесетиот ден од започнувањето на протестите кои и понатаму траат!
Ги покануваме сите граѓани, од сите возрасти, и сите националсноти да се приклучат на протестниот собир!
19:00 часот - зад спомен-куќата на Мајка Тереза!
По собирањето на граѓаните предвидено е собирот да премине во протестен марш низ улиците на Скопје. Крајна цел на маршот преку улицата пред Собранието ќе биде МВР.
Бараме правда! Бараме одговорност! Бараме одговори! Доста беше страв! Доста беше молк!Излези и протестирја и ти! Стоп на полициската бруталност!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments: (+add yours?)
Post a Comment