Мартин почивај во мир, нашата борба за правда продолжува!

Згасна еден млад човечки живот. На само ден по изборите згаснаа многу насмевки од младите лица кои се надеваа на подобро утре со новиот избор. Згасна еден млад живот за кој веќе трет ден не гледаме некаква превземена одговорност.
На мое огромно жалење до семејството и сите негови другари и пријатели, знам дека она што е изгубено никогаш нема да ви се врати, но се надевам само дека правдата ќе го стигне тој кој успеа безмислосно да го направи тоа.
И во 21 век Македонија се соочува со проблемот на неодговорност, бегање и сокривање на вистината а во овој случај болна и кобна за еден млад живот. Институциите молчеа за да не се крене фама и се разбира да не се поврзе настанот со самиот чин на изборите. Во меѓувреме се јавија сведоците на настанот кои исплашени и по своите животи раскажуваа за настанот со каква бруталност и сила припадник на Тигрите го одземал животот на 23 годишниот Мартин. Портпаролот на МВР тврдеше дека нема пријавено таков случај, и покрај тоа што ден потоа се докажа дека безмислосно не лаже нашата полиција, нашите чувари на редот и мирот, оние кои треба да не бранат наместо да стојат на страната на убиецот за туку така го сокријат делото.
за цела содржина оди кај Elislonce

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment