Водич низ мирниот протест


On Sunday 12th June 2011,  said:
Водич (за неупатени) низ мирниот протест против полициската бруталност и за преземање одговорност на сите вмешани во прикривањето на смртта на Мартин Нешковски

Најважно да се напомене протестираме МИРНО!

Следи ја толпата! Слободно понеси си свирка/мегафон/постер/маичка со одредена порака!
Понеси си вода!
Кога сите седнуваат седни и ти!
Кога сите молчат и оддаваат почит молчи и ти!
Ако некој околу тебе има какви било партиски обележја замоли го да ги тргне!
Ако некој околу тебе извикува какви било погрдни зборови замолчи го!
ВАЖНО: Ако некој околу тебе прави каков бил криминален акт сликај го со твојот телефон/камера и сл.
и остави полицијата нека ја врши својата работа!
УШТЕ ПОВАЖНО: Не подлегнувај на никакви провокации!

Што најчесто извикуваме?
- СТОП НА ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ!
- НИЕ НЕ СМЕ ПАРТИЈА!
- ДОСТА БЕШЕ МОЛК!
- ДРЖАВА ПОЛИЦИСКА!
- ЖИВОТ НЕ СЕ ВРАЌА
-... (дојди и ќе научиш некое ново)
на луѓето седнати по кафичи им викаме: СТАНЕТЕ ОД КАФЕ!
на луѓето кои излегуваат на балконите им викаме: СИМНЕТЕ СЕ ДОЛЕ! или ИМАТЕ ЛИ ДЕЦА?

Ние младите треба да покажеме што е ДЕМОКРАТИЈА!

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment