Кога политичкото е поголемо од партиското #protestiram

Не сум пишал блог запис одамна, како и многу други кои овие денови поттикнати од протестите за убиството на Мартин повторно ги активираа своите блогови. Јас ќе се обидам да дадам осврт на тоа како јас го дожиеав целиот тек на настаните.

Креирање на јавното мислење
На твитер проструи една информација за брутално убиство со претепување на млад човек од страна на полицијата. Има информациски мрак и од институциите и од традиционалните медиуми. Твитер беше јавниот простор (виртуелна агора) кој прерасна во идеалната Хабермасова дефиниција за јавното мислење. Според него кога две или неколлу општествени групи со одредени интереси во општеството, во јавен простор, дискутираат за прашање од општествен интерес и при тоа преку рационална дебата доаѓаат до концензус , тогаш тоа е дефиниција за јавно мислење.

за целиот пост кај Баждарџијата блогот на Мите Кузевски

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment