Прашање

Би сакал да се обратам до организаторите на протестите, ако има такви и општо до сите учесници чисто со едно прашање.
Јас мислам дека би требало да се отвори некој канал за донации и со оглед на тоа што има веб страници, дека најдобриот канал би бил тоа да биде онлајн. Значи да се направи или на protestira.me или на justiceformartin.blogspot.com или пак на некоја друга страна чисто копче донирај, нека има опција донирај анонимно или транспарентно и тие средства да се користат за целите на протестите.
Зашто мислам дека тоа треба да се направи е затоа што има група на граѓани кои можеби не смеат, можеби не сакаат да излегуваат на протести, но сакаат да го поддржат ова движење и барањата кои ги има. Таа група на граѓани нема како да даде поосетлива поддршка и наместо да остане на ставање на беџ на профајл пикчр ќе имаат можност да донираат, па макар и 100 денари. Има некои кои можеби не можат, од други градови или заради најразлични причини и тн.
Ова е чисто едно размислување и го поставувам јавно чисто за да се отвори дискусија, можеби и е глупава идејата, можеби не треба, но сепак сепак да си прашам. Па пишете про контра или едноставно ако е ок, да се направи.
од aerodromskison.blogspot

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment