Социјалните мрежи тресат и кај нас

Протестите по убиството на Мартин Нешковски траат веќе две недели. Фејсбук и Твитер генерацијата почна со улична демократија да бара одговори од институциите, а тие реагираат како затечени. Институциите, почнувајќи од најповиканото МВР, преку министерката Јанкуловска, па сè до премиерот, досега го манифестираа само сопственото ниво на заробеност - министерката не дава оставка, МВР лесно премина преку обидот да се прикрие убиството, а премиерот кажа дека му е жал и, пак удри по СДСМ.
На Македонија $ се случуваат граѓани, а генератор и кај нас се социјалните мрежи. 
Според Филип Стојановски од невладината "Метаморфозис", последниве настани во Македонија се промовираат како форма на организирање на самите граѓани. 
"Имаме ситуација во која граѓаните одговараат на одредена неправда и на сомневање дека нешто не е во ред со функционирањето на системот. Граѓаните се вклучуваат во движењето за да предизвикаат реформа на институциите за да бидат тие поефикасни, поотчетни и поотворени кон граѓаните во спроведувањето на законите. Случајот е само повод, но барањата се во насока да се натера системот да функционира", вели Стојановски.
Граѓанскиот активизам се манифестира во ситуации кога институциите молчат и на барањата од граѓаните или не одговараат или одговараат незадоволително. 
"Светска тенденција е да се смируваат масите преку нудење нерелевантни содржини или да се задушува критичкото размислување со одвлекување на вниманието со забава, озборување или со ПР активности да се спинуваат информации", вели Стојановски. 
Оној дел од граѓаните кој не потпаѓа под замајувањето, излегува на улица. Тука проработува организирањето преку социјалните мрежи. 
"Во овој последен тажен случај се покажува дека граѓаните во социјалните мрежи најдоа погодна алатка за комуницирање, информирање, координирање и за организирање, во обид да истераат свои легитимни права и правдини. Овој случај е многу различен од случајот "Кале" каде што социјалните мрежи беа инструмент за мобилизација за меѓуверски судир. Социјалните мрежи се само комуникациска алатка со која полесно се изведуваат процеси кои се веќе постојни во општеството. Македонија не може да се споредува со арапските револуции, за разлика од нив во Македонија приоритетот е отворање на институциите и зголемување на нивото на одговорност на институциите пред граѓаните", вели комуникологот Сеад Џигал.


за целиот текст оди  - Вест 

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment