Младина што има вакви родители, секогаш треба да биде загрижена за својата иднина
Ги гледам младите луѓе желни за правда, одговорност и јавен морал како со денови протестираат против полициската бруталност и искрено им се восхитувам. Тие се единствениот зрак на надеж дека оваа земја од строго поделена и контролирана партиска држава, еден ден може да стане слободна и граѓанска. Деновиве интензивно го слушам прашањето - чии се овие деца? Не ме чуди, бидејќи овде с` е омеѓено со нужноста да се припаѓа некаде или некому - на партија, на клан, на елита, на подмладок... Овде подолго време е незамисливо човек да си припаѓа на самиот себе, на своите принципи, надежи, идеали... Овде е речиси неверојатно некој да одбие да биде партиски менаџиран и менториран, да одбие да биде инструментализиран, да биде што подалеку од дилерите на лиценци за разни видови припадност. Па, чии се тогаш овие деца што, за разлика од возрасните, упорно бараат да функционира правната држава?
Може да речам дека се наши, ваши, твои, мои... но ќе излажам. Овие деца се СВОИ. Тие се децата на нашата граѓанска иднина. Тие се подобри од сите нас кои по автоматизам влегуваме во биолошката и статистичката категорија на мајки и татковци, што се претставуваат како нивни родители.
Ние немаме морално право лажно да се претставуваме. Ако бевме родители во една друга морална и вредносна димензија, ќе бевме на протестите заедно со нив. Не значи дека некој е добар родител ако детето навреме го однесе на вакцинирање, ако редовно оди на родителски состанок, ако редовно му подготвува ручек или го контролира детето дали (му) носи „петки“. Родител е тој што ќе го учи детето на етика, на солидарност, на хуманост и на одговорност. Родител е тој ќе се бори овие стандарди да функционираат во сите сфери во општеството, токму заради иднината на сите деца. Родител е тој што нема да молчи тогаш кога на градскиот плочник ќе згасне животот на едно момче, во суров обид убиството да се забошоти со алатките на една вагабонтско-орвеловска машинерија.

за целиот текст на Катерина Блажевска - Дневник
0 comments: (+add yours?)
Post a Comment