Кој протестира на плоштадите

Интернет-генерацијата веќе со денови мирно протестира по македонските градови. Најмасовно во Скопје. Младите бараат одговорност за една залудна смрт. Особено за обидите на власта за забошотување на убиството на Мартин Нешковски, нивен врсник, претепан од полицаец на специјалните одреди, таа вечер не се знае по чиј налог ангажиран во обезбедувањето на премиерот Никола Груевски на прославата на изборната победа. Сликата на невината жртва, младиот Нешковски, носена од младите стана најсилната порака за демократизација на Македонија. 
Протестите повикуваат на јавно соочување на сите граѓани на Македонија со својата совест и со совеста на општеството, без оглед на политичката, партиската верската и расната припадност. Имаат ли граѓаните на Македонија, по дведецениска хибернација и тотална амнезија, нешто што ќе ги разбуди и ќе им овозможи да видат една нова слика, сосема поинаква од онаа што постојано ни е пред очи. Ако сите не го почувствуваме мирисот на вистинската македонска пролет, набргу овие кокичиња ќе замрзнат, бидејќи прерано ги кренале главите. Снегот е уште длабок. Во Македонија од дамнина им ги кинат главите на петлите што рано кукуригаат. 


за цел текст од Ерол Ризаов - Утрински Весник

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment