П Р О Т Е С Т И Р А М!

П Р О Т Е С Т И Р А М!

(мојот скромен придонес кон Протестите против полициската бруталност)

Протестирам затоа што барам правда!

ПРОТЕСТИРАМ!

  1. Ме воспитуваа дека луѓето се разбираат со збор. Животните со ќотек. Затоа и протестирам! Во 21виот век ,примарниот едукативен метод е ТЕПАЊЕ! ПРОТЕСТИРАМ!
  2. Еден момче напиша дека „срушена е секаква доверба кон системот“. Целосно се согласувам. Ако не мислите така, запрашајте се : „Дали ако ми затреба помош од полицаец без двоумење ќе ја побарам?“ Јас лично, НЕ! Да не зборувам за медицинскиот персонал кој не забележал дека Мартин е брутално убиен. Јас кај тие лекари не би отишла, па макар имале не само компјутери туку и телескопи како работни реквизити.
  3. Некои млади луѓе сметаат дека не е толку страшно што припадникот на специјалната единица „Тигри“ го убил Мартин бидејќи тој имал криминално досие! ПРОТЕСТИРАМ! ПРОТЕСТИРАМ! ПРОТЕСТИРАМ! Протестирам, затоа што прво се праша кој бил убиениот, а дури потоа се донесе решение дали ќе се осуди убиството или не! Зарем во државите со изградени правни системи на луѓето со криминални досиеја судот не им ја одредува казнената мерка, а кај нас излегува дека насилници во улични тепачки досудуваат смртна казна?!
  4. ПРОТЕСТИРАМ затоа што во моментот не сум во Македонија и не можам активно да се вклучам во настаните. За некои десетина дена ќе бидам дома на еден ден и ако има протести, таму сум! Дотогаш секојднево ќе Ве поддржувам на социјалните интернет мрежи!

Затоа, ВИЕ што сте тука, Протестирајте! Протестирајте од ЧОВЕЧКИ и ХУМАНИ причини!

Доста се жалиме дека државата не чини, дека институциите се вакви или онакви... еве шанса да го смениме тоа. Државата сме ние луѓето, а не некој апстрактен, празен и ненаселен простор. Протестите се НЕНАСИЛНИ. Ако ви треба повеќе од само еден повик за да се приклучите, прашајте се:„Што ако на местото на Мартин бев ЈАС? Или некој мој близок???“ и пробајте да се справите со тие чувства!

Благодарам до родителите што Не поддржуваат. Една мајка изјави вака:

„ Апел до сите мајки!

Утре, ЗАДУШНИЦА, со икона на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (СВЕТА МАЈКА) да посветат 5 минути и молчешкум да го посетат местото каде што беше убиен младиот Мартин и да запалат свеќа за покој на неговата душа.

Нам не ни недостигаат Свети Храмови - ги губиме децата!

Мартин почивај во мир! Слава Ти!

Лидија од Македонија “

Друг еден татко го напиша овој тескт: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87654&kategorija=1

Браво!

А, за тие што фрлале со јајца по младите или што не сакале да им продадат вода, нека се гордеат со својата постапка.....јас немам поинаков коментар. Човечки е да се греши. Нечовечки е да не се признае злоделото, да не се побара прошка, а пред се да се справи самиот со себе и да се покае!

П.С Отвеорете си еден Твитер акаунт.


преземено од фејсбук страната на Irina Milevska

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment