Денес на импровизираниот амфитеатар позади спомен куќата на Мајка Тереза, беше изнесен став на граѓанин, кој рече „Зарем треба да одиме на А1? Зарем треба да одиме на телевизии што читаат партиски соопштенија? Та тоа се најголемите партиски мегафони во државава“. Завршен цитат.
Присутните со аплауз ја дочекаа оваа изјава дадена на мегафонот. Документирана со снимка, верувам ќе ја искористат Сител и Канал 5 веќе утре. Ако воопшто дојдоа да го покријат настанот, бидејќи не ги видов.
Оваа изјава беше дадена откако телевизија А1 покани претставници на граѓаните кои протестираат против полициската бруталност, да гостуваат во живо во студио на телевизијата. Притоа скапоцена енергија се трошеше во оградување од партии. Меѓу другото А1 телевизија беше окарактеризирана како СДСМ - овска. Пропагандната машинерија успеа да ги распука првите куршуми.
Етикетите кон А1 ги упатија граѓани кои не сакаат да бидат етикетирани како партиски субјект. Истите тие подоцна, откако рекоа дека А1 е СДСМ побараа од сите телевизии линк во живо. Сево ова го сведочев и е од мое лично присуство. Притоа, не се зеде предвид дека настанот со протестите и лишувањето од живот на Мартин Нешкоски беше најпрофесионално и најнапред на телевизија емитувано од А1.
Miroslava said: Во врска со етикетите
m0del
преземено од долгиот твит на twitlonger од @NovinarkaSkopje
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments: (+add yours?)
Post a Comment