СЛУЧАЈОТ НА МАРТИН НЕМА ДА БИДЕ РАСЧИСТЕН СЕ ДОДЕКА (дополнето)

СЛУЧАЈОТ НА МАРТИН НЕМА ДА БИДЕ РАСЧИСТЕН СЕ ДОДЕКА:

1. Не биде осуден полицаецот

2. Не биде поведена постапка против сите во хиерархиската низа (по основ на командна одговорност)

3. Не поднесе оставка министерката

4. Не се откријат и казнат лекарите кои првично утврдија дека нема знаци на насилство

5. Не биде повикан на одговорност Иван Котевски заради мамење и ширење лажни информации

6. Не се пристапи кон создавање посебен контролен механизам за контрола на полицијата.

7. Не се распуштат (реорганизираат) сите посебни единици кои излегуваат надвор од рамките на Законот за полиција

По сугестија на ОКНО додавам

8. Не се откријат сите полицајци и други службени лица кои биле дел од настанот, учествувале во него, знаеле за него или требало да знаат за него и не се изведат пред суд и соодветно казнат.

Мој додаток:

9. Потребно е да се создаде посебен тим за истрага на овој случај кој на крајот од својата работа ќе поднесе соодветен извештај до новоформираната Анкетна комисија во Собранието.


0 comments: (+add yours?)

Post a Comment