Сакам да посочам на два моменти . Едниот е за подразмислување, а другиот за донесување заклучок.
Момент број 1: Изјавите на министерката Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски во врска со тоа дали Спасов бил на службена должност кога го убил Мартин Нешковски
Министерката Гордана Јанкулоска: Игор Спасов имал усна наредба да врши обезбедување на плоштадот до 24 часот (Извор: Алфа телевизија, клик тука)
Премиерот Никола Груевски: Игор Спасов не бил на должност кога го убил Мартин Нешковски (Извор: Канал5 телевизија, клик тука)
Хинт: Ако се уште не сте почнале да подразмислувате, убиството се случи во 00:40 часот.
Момент број 2: Портпаролот на МВР Иво Котевски и директорот на судска медицина Алексеј Дума даваат контрадикторни изјави во врска со запознаеноста на полицијата за случајот
Алексеј Дума: За време на обдукцијата (Понеделник, 06.06.2011) беа присутни претставници на МВР (Извор: Алфа телевизија, клик тука)
Иво Котевски: Таков настан воопшто не е пријавен во МВР (Понеделник, 06.06.2011) (Извор: А1 телевизија, клик тука)
Не покажувам со прст на никого. Не донесувам заклучоци јавно. Ви презентирам факти. Заклучоците донесете ги сами.
преземено од Мојот студентски блог на Јована Тозија
Twitter
Facebook
Flickr
RSS

1 comments: (+add yours?)
А што е со „Момент број 1“ ?
и Јанкуловска и Груевски изјавуваат едно исто- дека не бил на должност за време на убиството. Тој бил на должност до 24 часот. а убиството се случило во 24.40 .. каква поента ти има ова? или мислеше дека 24 часот е 1 саат?
Post a Comment