Гласните друштвени мрежи организираа протести против полициското насилство #martin

Благодарение на виралното информирање на македонските друштвени мрежи се откри дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на специјални сили на полицијата во неделата вечер. Гневните граѓани со помош на мрежите организираа протести против полициската бруталност.
Започна како мистериозно наоѓање на мртво тело во неделата навечер, веднаш по изборите. MВР и CВР излегоа со контрадикторни изјави, првин немаше пријавен случај, но сепак имаше мртво тело на плоштадот „Македонија“. Освен анонимен сведок не се знаеше кој е мртвиот дечко. СВР тогаш рече дека нема траги од насилство, за подоцна обдукцијата да потврди дека мртвото момче било тепано, му бил скршен носот, а на левата страна од телото имал белези од удари.

Кој е тој и зошто е претепан од полицијата, кој и ја дава таа слобода на полицијата да посегне по живот?, ечеа инатливите друштвените мрежи одбивајќи да прифатат заташкување на случајот, барајќи одговори и повикувајќи на протести против полициско насилство, едни во понеделник вечерта кога се дозна веста, и втори во вторникот попладни блокирајќи ги скопските улици.

за целата фото и видео содржина од Виктор Арсовски оди на it.com.mk 

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment