Truth is incontrovertible

Имам потреба да бљуцнам крајно непопуларни мисли што ми се вртат во главата во врска со Мартин и протестите.
Не сум гласен човек. На протестите учестувувам маргинално но најредовно што ми дозволува животот. Но нема ден да не падне караница на темата со некој. Ми се исуши устата објаснувајки дека можам ако сакам на плоштад калаш да извадам и да ги испоубијам сите и кога ќе дојде цајкан? Јас ако не се противам нема право да ме убие. Ако се противам физички без да му е загрозен животот? Не смее да ме убие! Не прави никаква разлика дали Мартин Нешовски крадел пиво или пробувал да се качи на бина или бил издрогиран до максимум. Не прави разлика дали тигарот бил на должност или не. Не смее никој да одземе живот. Тоа ни е основата. Барем мојата основа.
Тоа што се случи е трагично и недозволиво и треба да се казни. Ама искрено не верувам дека можело да се спречи. Ми треба значително поголема доверба во човештвото од таа што ја имам за да мислам дека може да постои систем во кој ова не се случува. Звучи одвратно, но мислам дека случката била трагична грешка. Да не бидам сфатена погрешно, треба целото општество да се стреми во насока тоа никогаш да не се повтори.
И некако во целиов револт што го покажуваат луѓето не е одразено она што мене најмногу и постојано ме мачи.
Имаше обид за прекривање на целиот чин! Повеќе од 36 часа надлежните органи се преправаа дека немаат воопшто таков случај! На самиот почеток дури имаше и одрекувања дека имало починато момче на плоштад таа вечер. Случајот од очевидци беше пријавен уште вечерта кога се случил. Дури и да имаш тело што не знаеш како починало, ако ти се јавуваат да ти кажат луѓе дека виделе што се случува се водиш од тоа и истражуваш.
Дури и да е официјалната верзија точна. Да претпоставиме дека Игор Спасов дејствувал надвор од должност од свои извртени причини, дури и да киднал од местото без колеги да го препознаат (не се знаат сите цајкани меѓусебе!) дури и полицајците што дошле да мислеле навистина дека детето се онесвестило (иако очевидци им кажувале дека голем тип најверојатно цајкан, буквално го убил детето од мавање!) останува еден многу важен фактор за кој што нема објаснување. Во МВР уште вечерта почнало да се шири гласината дека „некој алфа убил некое дете на плоштад“. Ова не е мое мислење, ова е факт. Ако се зборело по улици, се зборело во полиција.

за целиот текст оди кај Ивана 

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment