Бесна сум...

Бесна сум. Многу сум бесна.

Лично јас, не барам расформирање на специјалните единици, и покрај тоа што знам каков е профилот на тие луѓе таму. Личен контакт со нив не сум имала, фала богу, и се надевам дека никогаш во животот нема ни да имам. А и Скопје е многу побезбедно откако се воведоа тие специјални единици (простете на мојата неинформираност за разликите, но мене алфи, тигри и желки ми е едно исто). Но таа збирштина од бивши криминалци мора да се доведе во ред и да има поголема контрола. Зошто волкот го менува крзното, но сојот не!

Бесна сум на медиумите. Се симнаа подоле од дното. Ве прашувам јавно: Каде ви е душата? Ќе го земам за репер објективниот весник Вечер. Тој пред два дена објави штура информација дека е најдено мртво момче пред зградата на Мепсо, кај кое што лекар првично не нашол траги на насилство. Судска медицина излезе со извештај дека момчето било претепано, со скршен нос и здробена лева страна од телото. Ве прашувам јавно како, како што самите велите и се фалите, објективен медиум, зошто не сакам ни да помислам на варијантата дека свесно во дневен весник публикувате лаги и дека тој дел од приказната ви е измислен: Кој е тој лекар кој што при здробено тело и скршен нос не увидел траги од насилство? Таков лекар не заслужува да има лиценца. Сигурно го знаете, а за објавување афери сте први, повелете објавете го со име и презиме лекарот кој што не констатирал траги од насилство, да се жигоса за цел живот.

за целата содржина од Јована Тозија, оди на Мојот Студентски блог

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment