Во режија на: Внатрешна контрола при МВР
Жарн: Црна комедија
Сите ‘као’ знаеме дека институциите не ни функционираат, ама мислам дека никој нема јасна идеја каква Монти пајтоновска шала е Внатрешна контрола при МВР. Да не беше трагично, ќе беше ептен смешно. Барањето за воспоставување на Надворешна контрола на МВР не смее да падне во сенка на останатите барања, затоа што моменталениот систем на контрола т.н. Внатрешна контрола на МВР, може да служи единствено како инсипрација за црна комедија.
Како работи Внатрешна контрола при МВР (види табела долу):
- Служи главно како аларм будилник-најголемиот број случаи со завршница се казни за спиење на работа.
- Спиење за време на работно време е пострашен прекршок, од употреба на алкохол во работно време. За првото ќе помине полицаец со казна од 15% од месечната плата во траење од шест месеци, а за пијан провод дури со писмено предупредување.
- Спиење на работно место е пострашно и од нарушување на јавниот ред од ‘чуварите на јавниот ред и мир’. За нарушување на јавен ред и мир ако сте полицаец ќе добиете или писмено предупредување или ако ептен се опуштите и се степате дури 15% од месечната плата во траење од три месеци.
- Не превземање на мерки за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на случај е побезопасно од спиење на работно место и од превезување на дрва без дозвола. За првото ќе ве предупредат, ама за превезување дрва 5 месеци ќе Ви скратат од плата по 15%.
- Користење на мобилен телефон или лап топ, или не дај боже пуштен телевизор во работно време е пострашно од физички напад на малолетно лице. Мавај по малолетници, па ќе добиеш предупредување, ама немој да ти текне да се јавиш на приватен мобилен, затоа што може да ти скратат и по 15% за четири месеци.
- Кога полицаец ќе удри полицаец повеќе боли, одколку кога полицаец ќе удри малолетник. Затоа и казната, се разбира, е поголема од предупредување. Дури ќе го распоредат едно место пониско.
- Несовесно ракување со оружје е исто како полицаецот да се заборавил, па си останал да си седи во полициска куќарка. Ништо поозбилно, па Внатрешна контрола и во двата случаи ќе предупреди, дури писмено.
- Пушење во службено возило е поголем грев од несовесно ракување со оружје, нарушување на јавен ред и мир и физички напад на мололетник. Ако за последните три може да се помине со предупредување, за пушење ќе почувствува домашниот буџет два месеци 15% помалку од вообичаено.
Итн…… Листава на апсурди е бесонечна.
НАРАВОУЧЕНИЕ: Во работно време пази да не заспиеш, немој да носиш и збориш на мобилен телефон, не гледај порничи. За да ти е полесно, опушти се со една чашка ‘жта, зашамарај некој малолетник чисто да исфрлиш негативна енергија, и излези од кола кога ти се пали цигара.
П.С.
Во првите 3 месеци од 2011 од вкупно 379 пријавени случаи во Внатрешна контрола на МВР, 20 биле пријави на граѓани за прекумерна физичка сила спрема нив од полициски службеници, од тоа неосновани се 16, без доволно докази 3, покрената постапка 1, завршница 0.
Во табелата (види долу) се собрани сите случаи со завршница пред Внатрешна контрола врз база на извештаите на Внатрешна контрола за пола година во периодот од 07-12.2010 (можно е да има пропусти во бројките плус/минус нешто ситно, во броење ако сум утнала). Примероков не цели да има некоја репрезентивност, туку чисто да даде слика на кое ниво е свеста на нашата полиција, и за тоа е сосема доволен.
Освен тоа што случаите покажуваат дека полицијата нема никаква свест дека се сервис на граѓаните, и не знаат што значи концептот човекови права, се наѕира уште едне проблем. Тоа е дека не постојат никакви критериуми на кои се базираат казните, освен ако не се мери цврстината на сонот или промилите алкохол. Тоа отвара еден опасен проблем, а тоа е потенцијална манупулација на процедурата, т.е. построги казни за “политички неподобни” полицајци, а поблаги за “нашите”.
Надворешна контрола на МВР под итно!!!!
за повеќе (вклучително и табелата) на постот на Put on the light
0 comments: (+add yours?)
Post a Comment