Чуму протести


Граѓанските протести против полициската бруталност кои се одвиваат во Скопје, а од петокот (10.6.2011) и во неколку други градови во Македонија (Битола, Струмица, Куманово, Кочани…) (следи овде), се значајна пресвртница за демократијата во Македонија. Секако, ова е прв пример за успешен ОНЛАЈН ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ во кој луѓето потпомогнати од социјалните мрежи се информираа, координираа и организираа настани и протести во кои гласно го искажаа својот став и отпор кон неправдата и девијациите на институциите. Побараа одговорност од оние кои затскриени зад величието на државата, институциите и системот, и кои надвор од секакво морално и законско право, применуваа сила, прикриваа, манипулираа и во крајна линија дрско лажеа за да ги задржат своите позиции на моќ и извори на материјална полза. Меѓу другото, се работи за глас против тоа државата да гради класа луѓе кои се над законот, особено противоние кои се служат со физичко насилство и злоупотреба на овластувањата.
Исто така, ова е редок, ако не прв, пример граѓаните за одредена кауза да ги употребат своите легитимни права за ПРАКТИКУВАЊЕ НА ДИРЕКТНА ДЕМОКРАТИЈА. Во овој случај тоа беа протести, петиции и јасни барања за неодложно спроведување на правдата (се разбира, директната демократија има и редица други методи, види и повеќе). Директната демократија во независна Македонија е целосно отсутна и е потисната од „репрезентативната демократија“ (бираш некого на ден на избори и потоа 4 години си свиркаш) или пак најчесто беше политичко-партиски менаџирана (да не кажам манипулирана), како на пример во извесниот (?) референдум за името, референдумот за територијалната поделба од 2004 и така натаму. Протестите се потсетување дека за најважните вредности мора директно да се заложиме и да ги помрднеме задниците, работите не се менуваат сами од себе, а оние кои се прогласуваат за СПАСИТЕЛИ, лидери, водачи и слично, или се лажни, или се спасуваат и обезбедуваат самите себе си.
за целиот текст од Сеад оди - Дејгиди
(English translation of the text available at the following link http://shorttext.com/zsup7qbaxp5).

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment