Твитерџиите „ја притиснаа“ полицијата

Граѓаните се охрабруваат да протестираат против полициското насилство. Организацијата на протестите потекна од социјалните мрежи.
„Од вчера социјалните мрежи станаа срцето на граѓанското општество во Македонија.“ Овој заклучок, што една колешка-новинарка синоќа го сподели на Твитер, со одобрение беше прифатен од речиси целата македонска твитер-заедница, која беше главен иницијатор за 
Социјалните мрежи станаа срцето на граѓанското општество во Македонија.

протестите што следуваа по убиството на 22-годишно момче во центарот на Скопје. Осомничен за убиството е полицаец од единицата Тигри, а општ впечаток на мнозинството македонски „твитерџии“ е дека во прв момент полицијата се обиде „да го заташка“ случајот, но ретерираше под притисок на јавноста.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, во понеделник рече дека во недела навечер е пронајдено тело на неидентификуван мртов млад човек, но на него немало видливи траги на насилство. Откако, во медиумите се појавија сведоци, кои тврдеа дека момчето било претепано до смрт од цивил, за кој се сомневаа дека е полицаец, вечертаследуваа протести во главниот град, по што во вторник полицијата соопшти деканашла осомничен за убиството.

за целата содржина од Срѓан Стијанчев оди на Радио Слободна Европа

0 comments: (+add yours?)

Post a Comment