Global Voices Posts about Macedonian Protests Against Police Brutality

0 comments

This post is also available in Macedonian 
- Блогерај: Глобал војсис за протестите против полициска бруталност во Македонија
- Блогспот: Глобал војсис за протестите против полициска бруталност во Македонија

This is an attempt to documents all the posts about the protests against police brutality in Macedonia that have appeared in various languages via Global Voices, starting with June 6, 2011.

English


Greek (Έλληνικά)


French (Français)

Spanish (Español)

Chinese (Traditional - 繁體中文)

Chinese (Simplified - 简体中文)

Hungarian (Magyar)

Malagasy

Bangla (বাংলা)

Portugues (Português)

Korean (한국어)

Macedonian (македонски)
via Filip Stojanovski - Razvigor

Не функционирам по нечии директиви (интервју во ФОКУС, 24 јуни 2011)

0 comments

Петар Стојковиќ е 25 годишен скопјанец, кој е дел од младите што веќе трета недела протестираат револтирани од суровото убиство на Мартин Нешкоски. Тој е дипломиран актер, а од неодамна хонорарно работи во Театарот за деца и младинци во Скопје.

ФОКУС Што Ве мотивираше да бидете дел од луѓето што протестираат?
СТОЈКОВИЌ Понеделникот, 06 јуни 2011-та, бев на проба во театарот од наутро до доцна вечерта. Кога се вратив дома и кога го пуштив телевизорот имаше што да видам. Политички мотивирани апсења и прогони, меѓупартиски плукања, говор на омраза... Но, веќе сум навикнал на политичката (не)култура во Македонија и оваа ситуација воопшто не ме изненади. Човек отрпнува кога сето тоа го претставува неговото секојдневие. Тоа што не ме остави рамнодушен беше веста дека на градскиот плоштад, на кој порано обожував да ги дочекувам утрата со пријателите, седејќи на клупите и гледајќи го изгрејсонцето, насилно згаснал млад човечки живот!
ФОКУС Првичните информации беа контрадикторни...
СТОЈКОВИЌ Прочепкав на интернет за да споредам повеќе извори и информациите беа поразителни: Уште еден случај на полициска бруталност кој овој пат резултирал со смрт на 22-годишно момче. Уште пострашно, официјалната изјава од СВР Скопје (дадена во 16:08 часот) беше спротивна од изјавите на сведоците дадени за некои медиуми што јасно говореше дека станува збор за обид за прикривање на убиството кое го сторило припадник на полицијата. Деталите за убиството се веќе познати на јавноста. Дали би сакал да живеам во земја каде ваквите убиства се третираат како несреќни случаи? Не. Дали би можел да замижам на непрофесионалниот однос на полициските припадници и нивната солидаризација во прикривање на убиства сторени од членови на нивните редови? Не. Дали би можел да се воздржам, а гласно да не извикам: Стоп на полициската бруталност? Не. Дали би можел да одам сам против сите? Не. Како што вели народот, една ластовичка не чини пролет!

Реакција на Владимир Петрески

0 comments

Реакција што пристигна на нашиот e-mail (nieprotestirame@gmail.com). Текстот е пренесен интегрално, без корекции:


По повод прилогот на Шител за делото на Gene Sharp и српскиот „Отпор“




Јас, Владимир Петрески, јавно признавам дека бев лицето кое самостојно, по своја лична иницијатива и совест и без притисоци или убедувања од никого, на една од Фејсбук страниците на протестот предложив до организаторите и пошироко до сите што протестираат, да се прочита книшката на професор Gene Sharp "From Dictatorship to Democracy" и дека постирав линк до неа. Исто така, јавно признавам дека предложив да се контактира српскиот „Отпор“ заради совети. Како и ова писмо, и мојот пост на Фејсбук беше со полно име и презиме (и со моја фотографија).

Но, она што ДБК не му кажала на Шител е дека тоа го направив со јасна назнака (како и што напишав) искуствата и од книшката и од „Отпор“ да се искористат не за рушење на аткуелната власт во земјава, туку за да се научат разни техники на ненасилен отпор заради поголема ефикасност на протестите и за побрзо усвојување на барањата. Не е дека ние во Македонија секој ден практикуваме ненасилен отпор и дека имаме искуство во тоа.

Точно е дека идеите во делото на професор Sharp беа користени во ненасилните протести за рушење на диктаторот Хосни Мубарак во Египет (заради што реномираниот Њујорк Тајмс објави интервју со почитуваниот професор) и точно е дека организацијата „Отпор“ е понекогаш повикувана од ненасилни демонстранти во Европа и пошироко, кога треба да ги споделат нивните искуства. Но, да се мисли дека овие две работи можат да се користат само за менување на режим, а не и за исполнување и на други легитимни демократски барања, значи да се биде глуп како ноќ и да не се сфаќа суштината на демократијата. Но, тоа и не треба да чуди од неписмени глупаци кои англиското име Gene го транскрибираат како „Гене“ наместо Џин.

Се уште сметам дека книгата на професор Sharp нуди серија совети како да се организира и да се практикува ненасилен отпор, а српската организација „Отпор“, пак, се уште сметам дека треба да се консултира заради совети и споделување искуства. Не сум сигурен дали некој од протестите го видел мојот пост и дали навистина ги послушал моите совети. Повеќе сум склон да сметам дека тој се изгубил меѓу стотиците други и дека не бил забележан (освен од ДБК, се разбира).

Не познавам никакво лице Кирил Ефремовски и на протестите сум бил вкупно два-три пати. Имам син од 19 месеци и не можам да присуствувам. Не познавам никого од повидните членови на протестите и ниту припаѓам на помладата генерација - имам 43 години.

И, на крајот, не знаев дека ДБК е толку уплашена и дека сум толку популарен во нивните канцеларии...

Срдечно,

Владимир Петрески

Видео од 25.06.2011

0 comments

Од свој агол - Мартин Стојановски

Фото галерии од 25.06.2011

0 comments

фото од @banekoma

Фото галерии:

Небојша Гелевски линк
Мартин Стојановски линк
Самир Љума линк
Мите Кузевски линк
Fosim линк
Т.Богданов линк

Во коментари или на @pravdazamartin оставете линкови од други фото галерии од 25.06.2011 кои не успеавме да ги приметиме.

Во сабота во 10, да го гушнеме собранието!

0 comments


Кој можеше да предпостави дека се ова ќе трае толку долго? 19 дена надеж за сите, 19 борба и упорност. 19 дена верба во подобра иднина. 19 дена со главата горе, високо.
19 дена, а јас оставив многу од себе по улиците. Не сум само јас, со мене се секој ден таму моите нови браќа и сестри. Доаѓаме од различни фамилии, веруваме во спротивни идеали, генерациски многу се разликуваме. Скоро сите се вработени, а го жртвуваат своето слободно време. Па сепак, не држи секој ден да се враќаме на нашето симболично место, спомен куќата на Мајка Тереза, не држи една заедничка мисла за подобра Македонија, каде можеме да живееме без страв дека за момент лудост, ќе завршиме како Мартин.
Првите денови, чекоревме и викавме, некогаш помасовно, некогаш помалку. Потоа си формиравме свое мало неофицијално собрание кое жубореше од идеи. Се формираа барања (помогна и големата интернет заедница), се поставија груби патокази како ќе продолжиме во иднина, се донираа по 10 денари. Јас уште не можам да се изначудам дека од нешто толку хаотично, излезе нешто волку прецизно. Никој од нас не знаеше што треба да прави. Сите првпат се соочивме со вакво нешто.
Пробаа да не угушат на разни начини.
за цел текст оди кај Тамара Атанасоска

Скенирај го кодот и прати SMS на твоите пријатели

0 comments

Dosta bese MOLK! Te cekam vo sabota vo 10 kaj Majka Tereza za potoa zaedno da go gusneme sobranieto!

Забрането лепење плакати на огласни табли

0 comments

Не треба веќе да се протестира против полициска бруталност. Не, стварно. Зашто, тој што работи има право и да греши. Зарем е толку страшно што полицаец е осомничен дека убил момче од ќотек? И што други не се осомничени дека се обиделе да го прикријат убиствот? Ни прва таква жртва ни последна, нели? Ви кажувам, кога многу се работи, дневно по три смени наместо по една, стресот е многу голем, и такви работи е нормално да се случуваат. А од каде пак јас знам колку работат полицајците?


Епа еве, утрово рано отидов да залепам по некој плакат низ градов, од плакатите кои повикуваат на протести утре во 10ч пред Споменикот на Мајка Тереза и пред Собранието. Во 6:30 бев на плоштад Македонија и штотуку ги залепив плакатите на јавната огласна табла поставена на излезот од ГТЦ кон споменикот Воин на коњ. Таа огласна табла се состои од две високи бетонски паноа, и на неа има залепено се и сешто, од огласи за приватни часови по компјутери, па до концерти и плакати од минатите избори. Тукушто ги залепив моите плакати, кога еве двајца полицајци во униформа, ме прашуваат што правам и дали имам лична карта да се легитимирам. Се разбира, личната карта си ја носев со себе и љубезно им ја дадов. Ми рекоа дека сум сторил прекршок, односно дека не сум смеел тука да лепам плакати. Откако два пати најучтиво им објаснив дека се работи за јавна огласна табла и дека затоа лепам плакати токму тука, тие ми повторија дека се работи за прекршок кој беше насловен нешто како „повреда на јавната чистота“ и дека казната за тоа е 50 евра, односно ми рекоа дека за да се лепи на тие огласни табли потребна е посебна дозвола од Град Скопје. Потоа ми рекоа дека овој пат ќе поминам со опомена, да си одам и на крај едниот од нив ми рече „и да не те видиме веќе“. Бидејќи бев завршил со лепењето на плакатите кога тие се појавија, си отидов. Не им кажав ништо за тоа „да не те видиме веќе“, иако е јасно дека тоа беше навредливо за мене, бидејќи ако им кажев очигледно ќе имаше проблем во комуникацијата.

Ете тоа сакав да го споделам со вас, а ако лепите плакати денес – памет во глава – или земете си дозвола од Град Скопје или понесете 50 евра – личната карта се подразбира.

преземено од постот на „Во земјата на чудата“, блогот на Данко

Ние сме #protestiram

2 comments

Издвоете 10 секунди и поддржете ги протестите!

Секој еден од нас -поддржувач на протестите, да сними видео клип  со својот лик, да си го каже само името, пр1: Јас сум Ана! пр.2: Ана од Неготино!; а може и само слоган, збор врзан за протестите (изборот е ваш), во траење од не повеќе од 5 10 секунди. Квалитетот на снимката е небитен, може со мобилен телефон, веб камера...
Целта е да собериме доволно материјал и тоа сето фино да го спакуваме и измонтираме во еден видео клип. Нека бидат 100, 200, 500, 1000... снимки, не е битно.
Имеше и предлог, што мене ми се допаѓа и ќе долови + атмосфера:


Првично, Јована Тозија предложи да ги повикаме сите познати фаци од јавнот живот да се приклучат и да го дадат својот придонес со изјави дека го поддржуваат протестот, а од тој материјал да направиме видео клип. Клик тука за содржината. Идејата останува, но некако тешко оди контактирањето и кандисувањето на ‘популарните‘. Затоа, одиме на спонтаност -нашето најсилно оружје, а ако има и од нив заинтересирани, предлагам да ги уфрлиме исто како и сите други. Сите се добредојдени! Може и паралелно да се направат повеќе клипови. Сега читам дека некои од познативе фаци се согласиле, а има и музички групи, па може и групна снимка да се уфрли, пр. Ние сме таа и таа група
Давајте сугестии во кометари! За да не губиме време, сугестиите (ако се изводливи) ќе бидат прифаќани во од.

Рокот на доставување на видео снимките е до вторник 28.06.2011г. понеделник 04.07.2011г.

Снимките да се испраќаат на nieprotestirame@gmail.com или, ако се поголеми од 10мб, што не е препорачливо, преку sendspace. 
Јане Ѓорѓиоски - @ribaro

Додаток  од @vlashko_lobi: Да ги замолиме нашите пријатели од странство да ни помогнат и да се снимат на англиски јазик.
YOUR CONTRIBUTION IS NEEDED:
Dear Friends,as you might know, big things are going on in Skopje and the rest of Macedonia. 
За цела содржината на пораката која би им појаснила за што се работи, клик тука

Додаток: Видеа пристигаат и пристигаат... затоа рокот е пролонгиран до ЗАСЕКОГАШ!
Сите пристигнати клипови ќе бидат поставени на нашиот канал:
www.youtube.com/pravdaz​amartin

.

Против полициска бруталност на ТВ А1/А2 22 јуни 2011

0 comments



Тамара Атанасоска, Дамјан Георгиевски, Ениса Еминовска и Алек Митров на национален медиум ја претставуваат иницијативата против полициската бруталност

Протести - недела 19.06.2011

0 comments

Видео материјалот е испратен од Пријатели на протестот

Зошто протестирам

0 comments


Идеја @banekoma; реализација Александар Јосифовски.


Flickr галерија од #protestiram

0 comments

Видео стрим од 21.06

0 comments

Фото галерија од Он Нет

0 comments

Он Нет со извонредна фото галерија од +80 фотографии од #protestiram


Жал ми е

0 comments

Жал ми е. На почетокот кога почнаа протестиве против полициската бруталност си реков бреееее, сто кила млад прогресивен народ, граѓански иницијативи, демократија на дело… абе воодушевена бев. Воодушевена бев. Но сега чувствувам една горчина во устата и една грутка во грлото што нити можам ниту да ја плукнам, ниту да ја голтнам. И тешко ми е.
Поминаа 2 недели откако Мартин Нешковски беше убиен. Се протестира веќе две недели за да се дознае вистината. Јас лично не протестирам за оставка. Јас протестирам да се дознае дали имаше обид за прикривање на убиството. Оставката би следела како логичен потег ако навистина се докаже дека имало таков обид. Но се уште се надевам дека државата ќе ни докаже дека никој не се обидел да сокрие убиство.  Се уште се надевам дека ќе ни бидат одговорени следниве прашања:
  • Кој е лекарот што дал наод дека нема физички траги на насилство на телото на Мартин Нешковски
  • Кои се луѓето што му помогнале на Игор Спасов да го премести телото и му дозволиле да си замине од местото на злосторот, без притоа да го пријават
  • Зошто случајот не е заведен во дневниот билтен на МВР на 06.06.2011
  • Како не знаела полицијата за случајов кога полицискиот центар 192 уште вечерта известил дежурен истражен судија за дека има мртво момче чие тело е преместено
  • Бил или не бил Спасов на должност кога го убил Мартин (има слики од него во 00.10 часот покрај премиерот, и покрај тврдењата дека имал усна наредба да биде на должност до 24 часот)
И јас си мислев дека поголемиот дел од народот ги мачат истиве прашања. Но не ги мачат. Нажалост повеќе ги интересираат промотивни понуди од Игуана Турс и секојдневно се во неизвеснот што ќе се случи со Цеца и затворот. А оние кои што ги мачат истиве прашања како мене, полека ја губат целата енергија  за протестирање од пусто објаснување дека фамозниот Сорос (за кој што сум убедена дека ни 10% од населението знае кој е) нив не ги финансира.
И разбирам дека за една владеачка гарнитура е многу тешко да ти се случи ваков скандал. Дека ќе се обиде на секој начин да се дефокусира вниманието, и тоа ми е јасно. Но да се организираат контрапротести против протестирачите, претставувајќи се како вистинските протестирачи е стварно многу ниско. Жал ми е за Биљана. Се нашминкало девојчето, седотерало за пред камера. Нејзините 5 минути слава. И дале напишан текст да чита, ама од пуста трема девојчето звучи како 7 годишно дете што ја рецитира “Брзај брзај прваче…” Не и беше нејзе прв пат на телевизија, има Биљана веќе искуство, но со неизвежбан текст не се оди пред камера туку така. И откако некако успеа да го прочита текстот, се нацртаа утредента партиски војничиња со сокчиња и сендвичи на Мајка Тереза. Прашани кој е нивниот став во врска со случувањата тие одговорија: “Пааааа, нашиот став е …. да стоиме тука…” И тие нели, целите дотерани, знаеја дека ќе има камери, па нека ги личи на телевизија. На Фејсбук настанот за контрапротестите одржани денес, фрштеа коментари строго поврзани со полово општење со мајките на неистомислениците. За тоа дека младо дете е убиено, збор не стана. Само декларативно во описот на настанот.
Си викам: Кои се тие родители? Кои се тие родители што дозволуваат при вакви валкани партиски игри нивните деца да бидат искористени како војници во први борбени редови кои што секогаш гинат, а нивниот генерал да стои позади нив, на сигурно. Не беа некои од нив ни сигурни како се вика убиеното момче! Кои се тие родители што не успеале да ги научат своите деца простопроширени реченици да сврзуваат? Кои се тие родители што им дозволуваат на своите деца некој друг да мисли за нив? Кои се тие родители што им дозволуваат на своите деца така вулгарно да се изразуваат? Мене со моите 28 години  се уште ми е срам вулгарно да се изразам пред моите родители, макар било тоа и кога раскажувам виц. А и на нив пред мене! Кога бев помала не смеев ни да помислам на такво нешто. А кога ќе се обидев да се направам важна и ете да докажам дека и јас сум кул и смеам да пцујам пред моите родители, ќе добиев од време на време една преку уста. Чисто превентивно. За да не ми се случи друг пат. И мене стварно не ми е јасно од каде толку поган јазикот на тие млади деца. Не одат ли во школо? Нема ли таму професори? Психолози? Терапевти? Не гледа ли ова општество дека има тука суштински проблем на неедуцирана младина со хоризонти што стигаат до нивната черга од пред врата. Дека само тоа умеат, да се маваат во гради кога на нивниот митинг ќе дојдат повеќе луѓе отколку на другиот.  Многу ми е жал. Многу!
од блогот на Јована Тозија

Чуму протести

0 comments


Граѓанските протести против полициската бруталност кои се одвиваат во Скопје, а од петокот (10.6.2011) и во неколку други градови во Македонија (Битола, Струмица, Куманово, Кочани…) (следи овде), се значајна пресвртница за демократијата во Македонија. Секако, ова е прв пример за успешен ОНЛАЈН ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ во кој луѓето потпомогнати од социјалните мрежи се информираа, координираа и организираа настани и протести во кои гласно го искажаа својот став и отпор кон неправдата и девијациите на институциите. Побараа одговорност од оние кои затскриени зад величието на државата, институциите и системот, и кои надвор од секакво морално и законско право, применуваа сила, прикриваа, манипулираа и во крајна линија дрско лажеа за да ги задржат своите позиции на моќ и извори на материјална полза. Меѓу другото, се работи за глас против тоа државата да гради класа луѓе кои се над законот, особено противоние кои се служат со физичко насилство и злоупотреба на овластувањата.
Исто така, ова е редок, ако не прв, пример граѓаните за одредена кауза да ги употребат своите легитимни права за ПРАКТИКУВАЊЕ НА ДИРЕКТНА ДЕМОКРАТИЈА. Во овој случај тоа беа протести, петиции и јасни барања за неодложно спроведување на правдата (се разбира, директната демократија има и редица други методи, види и повеќе). Директната демократија во независна Македонија е целосно отсутна и е потисната од „репрезентативната демократија“ (бираш некого на ден на избори и потоа 4 години си свиркаш) или пак најчесто беше политичко-партиски менаџирана (да не кажам манипулирана), како на пример во извесниот (?) референдум за името, референдумот за територијалната поделба од 2004 и така натаму. Протестите се потсетување дека за најважните вредности мора директно да се заложиме и да ги помрднеме задниците, работите не се менуваат сами од себе, а оние кои се прогласуваат за СПАСИТЕЛИ, лидери, водачи и слично, или се лажни, или се спасуваат и обезбедуваат самите себе си.
за целиот текст од Сеад оди - Дејгиди
(English translation of the text available at the following link http://shorttext.com/zsup7qbaxp5).

Концерт, протести и „контрапротести“

0 comments


Протестите по повод убиството на Мартин Нешковски и неговото прикривање од страна на власта, продолжуваат и понатаму. Во рамки на денешните протести, во 12 часот на платото кај спомен домот на Мајка Тереза се одржа концерт, на кој настапија неколку познати македонски бендови, по што започнаа и протестите. На манифестацијата присуствуваа поголем број граѓани на Скопје, но и гости од внатрешноста, како од помладата, така и од постарата генерација. Од познатите личности би го спомнал појавувањето на Жарко Јордановски, новинар (патем и кандидат на партијата „Достоинство“ на неодамнешните избори), потоа Горан Таневски, вокалистот на Мизар, писателот Александар Прокопиев, а учество во протестиве деновиве земаа и пејачката Ана Костовска (вам позната од групата Бастион и од „Бушава азбука“), како и актерот Петар Арсовски. Изјави на поддршка дојдоа дури и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кому наши претставници претходно му ги врачија нашите барања.
На собирот денес присутен беше и братот на Мартин, со кого имав прилика и да се запознаам. Семејството на Мартин изразува поддршка за протестите и како што веќе претходно имам пишувано, тие ни подарија негова слика, која редовно се носи на протестите на чело на колоната. Концертот заврши со настапот на познатиот скопски хип-хопер Џаканакот, по што насобраните ја започнаа протестната поворка по улиците на градот, со застанување пред Владата, судовите и Собранието. Протестот заврши успешно и покрај отежнувањето, кое ни го направи пеколното сонце.
за цел текст оди кај VBB